Search

Заев: Законот за ЈО е поддржан од ЕУ и САД, затоа што ја гарантира правната држава, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е против

Законот за ЈО е поддржат од целата меѓународата заедница, ЕУ, САД, структурен закон што ја гарантира правната држава истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
-Цела меѓународна заедница и огромен дел од екстерската јавност го потврдија и го поздравија законот за ЈО и сите предмети и предистраги на СЈО се гарантирани со него. Само ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски е против затоа што брани криминал, истакна претседателот Заев.
Законот важи еднакво за сите, а сите докази прифатени од обвинителството се валидни, додаде претседателот Заев.
Судството мора да се прочисти, 90% од судиите се од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кое влијае и 11 години влијаеше врз судството со застатрување на предмети, враќање на повторно судење, порача Заев.
Треба да знаете
Последни објави