Search

Заев: Денес довербата во здравството е многу поголема, тоа е доказ дека се што е досега направено дава резултати

Денес лекарите, здравствените работници се многу повеќе платени отколку порани, реконструирани се над 40 од вкупно 120 здравствени објекти и се опремени со најсовремена опрема, сето тоа резултира денес да имаме посветени леакри и медицински персонал кои бескомпромисно се борат со коронавирусот, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.
„Денес довербата во јавното здравство е многу поголема, затоа што на пиедастал ги ставивме пациентите, затоа што за нив постои здравството. Во моментиве никој нема толкава доверба, каква што има нашето здравство. Тоа е доказ дека се што направивме во овие две и пол години, дало резултат, онолку колку што можело за две и пол години.Да не заборавивме од каде тргнавме, од заробена дрѓава во која паерите се трошеа на непотребни работи, потенцираше претседателот Заев.
Треба да знаете
Последни објави