Search

Заев денеска ќе сведочи за „бомбите“

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Кривичниот суд каде што е повикан да сведочи за нелегалното масовно прислушување во УБК, односно за случајот „Таргет и Тврдина“.

Заев, во изјава за медиуми на 11 октомври, вината за прислушувањето директно ја насочи и кон избеганиот експремиер Никола Груевски, откако тоа го стори неговиот советник ексразузнавачот Зоран Верушевски во сведочењето во судница на 10 октомври, како сведок на обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристоска. Заев тогаш кажа и дека сведочењето на Верушевски не го иззема од одговорност Мијалков.

 

Заев ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството, односно да објасни како „бомбите“ стигнале во негови раце, и која била улогата на неговиот актуелен советник за безбедност Зоран Верушевски.

 

Треба да знаете
Последни објави