Search

Заев: Да дадеме поддршка и граѓаните со попреченост да му се радуваат на животот

Во Македонскиот народен театар се одржува петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски” – театар без дискриминација, на кој денеска присуствуваше и премиерот Зоран Заев.

Овде сме да им дадеме поддршка на нашите сограѓани лицата со посебни потреби за да можат да се вклучат во општеството да се чувствуваат еднакви, рамноправни и да можат еднакво да му се радуваат на животот. Во таа насока сметајте и натаму за поддршката од Владата. Со овој фестивал организаторите и училиштата создаваат нешто што ја прави Македонија поубаво место за живеење, рече заев во обраќањето.

По примерот на ваквите фестивали чија крајна цел е вклучување на лицата со попреченост на сите културни настани, рече премиерот, сакаме да создаде општество кое нема да сигматизира лица со каква и да е попреченост, општество кое во себе ќе ги вклучи сите.

Премиерот потсети дека уште минатата година Владата почнала да презема мерки и да носи законски решенија кои треба да ја подобрат состојбата на лицата со посебни потреби, кои, како што рече продолжиле и годинава, а на такви мерки и ќе се работи и во наредниот период.

Овозможивме олеснувања на пристапот до правата за лицата со попреченост.  Родителите на децата со попреченост ќе можат да работат со скратено работно време и откако тие ќе наполнат 26 години, правото на посебен додаток по 26-тата година автоматски да премине во право на помош и нега од трето лице, рече Заев.

Тој напомена и дека националната стратегија „Тимјаник” за периодот 2018 2027 година е вистинска можност Македонија да трасира правците за вистинска грижа и социјализација на лицата со попреченост. Во насока на проширување на мрежата на постоечки услуги и алтернативна форма на грижа и заштита на овие ранливи категории граѓани, истакна Заев, отворени се и неколку нови центри за деца со церебрална парализа во Скопје и Прилеп, за попреченост во Велес, Кочани и Македонска Каменица, отворен е и Центар за продолжен престој на деца со попреченост во Куманово, а во завршна фаза е отворање на центарот за престој и рехабилитација на деца со Даунов синдром во Скопје.

Драмскиот фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски” театар без дискриминација, се одржува по петти пат и е единствен од ваков вид на Балканот.

Треба да знаете
Последни објави