Search

Заев го пофали бугарскиот тим кој учествуваше во акцијата за спасување на македонските скијачи

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност и го пофали бугарскиот тим кој учествуваше во спасувањето на петмината македонски скијачи во Банско.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157177502342932

,,Брзата и стручна акција на Планинската спасувачката служба Банско во Република Бугарија спречи несакани последици по животот и здравјето на петтемина скијачи од Република Македонија на скијачкиот центар Банско”, напиша Заев на Фејсбук.

Според премиерот, ,,интервенцијата на членовите на Планинската спасувачка служба е реакција и на хуманисти и пријатели кои се издигнаа на висината на задачата за да го заштитат здравјето и животот на луѓето во опасност”.

,,Со овие зборови упатувам искрена благодарност до сите членови на тимот што учетствуваа во оваа спасувачка акција, и истовремено оддавам должно признание за високата професионалност и подготвеност за соодветна интервенција која треба да биде пример за посветеност”, напиша премиерот Заев.

По тричасовна акција, синоќа успешно се извлечени петмина македонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија. Тие биле спасени околу 21 часот, а во акцијата учествувале десет спасувачи.

Треба да знаете
Последни објави