Search

Заев: В година ова време ќе ги отвориме првите поглавја за членството во ЕУ

Македонија има причини да слави и да работи. Догодина ова време ќе ги отвориме првите поглавја за членство во Европската Унија, истакна првиот човек на Владата на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, кој се наоѓа во посета на земјава.

„Лани во Брисел со еврокомесарот Хан и високата претставничка Федерика Могерини договоривме заеднички пристап за исполнување на условите за напредок во Унијата. Се договоривме дека ќе испорачаме резултати, а ЕУ ќе испорача соодветна награда. Врз основа на успехот на реформскиот план 3-6-9, Македонија доби безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, рече Заев.

Тој додаде дека со договорите што беа склучени со Бугарија и Грција, Македонија постигнала историски успеси и го отворила патот кон Европската Унија.

Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека последната одлука сепак е на народот којшто ќе одлучи за иднината на државата.

„Посебно младите луѓе треба да учествуваат на референдумот. Има земји како Велика Британија каде се носат некогаш одлуки кои не се во корист на младите. Треба да знаете дека секој глас е важен“, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави