Search

Заев: Водството на СДСМ е помеѓу 5 и 6 проценти, но за тоа се криви и ВМРО -ДПМНЕ

Некаде помеѓу пет и шест проценти е сега разликата помеѓу СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ и порасната е за 1.5% од 8 март наваму, вели во емисијата “Гласот на народот” претседателот на СДСМ Зоран Заев. Заев вели дека растот на рејтингот,  е резултат на доброто менаџирање на здравствената криза, но за тоа помогнало и ВМРО – ДПМНЕ заради тоа што само гледаат како да се изживуваат врз ситуацијата, како да го критикуваат министерот за здравство, како да дават одредени предлози само за да добијат политички поени, а не за да помогнат и да бидат добар чинител и да помогнат на нашиот народ во ова тешко време, и кога цел свет се здружи, нашата опозиција гледаше само со нивните тесно -политички партиски наочари.

Според Заев, изборите мора да се сега бидејки според СДСМ, ризик е да се одложуваат изборите заради заразата која може да се зголеми во летото заради повеќе ризик фактори како тоа дека се отворени границите, ќе има повратници од странство но и луѓе кои ќе излегуваат и ќе се враќат во државата, но и наближувајки накај септември и отварањето на градинките и училиштата.

Заев потенцираше и дека на државата и треба нова политичка влада, која во најмала рака сега ќе треба да се решава економската криза која е последица на Коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави