Search

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени на избори кога и да се случат

Во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека не верува бојкот на изборите зошто секога оделе со дијалог и потврди дека ќе биде присутен на лидерската средба, иако официјално не му е стигната поканата.

„Ќе побараме на лидерската средба да се слушат сериозните аргументи на институциите. Ако има олабаување на мерките, ќе бараме веднаш да се оди на избори.“ – рече Заев.

Заев рече дека дефинитивно треба да се фати моментот кога ќе биде дефиниран датумот за избори. Ќе почекаат утрешната одлука на Уставниот суд кој утре ќе ја соопшти одлуката. Смета дека е доцна во јули да се оди на избори, зошто пред се треба да се гледа здравствената состојба, но и економијата. Затоа, потенцира Заев, треба побрзо да се оди на избори.

„ВМРО-ДПМНЕќе бидат поразени на избори кога и да се случат, затоа што владата има сериозни успеси. Ги решивме сите прашања, на опозицијата „им се тресеа коските“ од НАТО. Без разлика дали избори ќе има септември, ноември, тие ќе изгубат. Но, 2020 ќе има избори и ќе изгубат и затоа е подобро да одме порано и да ја завршиме оваа работа.“ – рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави