Search

Заев, Битиќи, Димитров и Османи во дводневна посета на Грција

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што соопштија од Владата, Заев ќе учествува на 24-та тркалезна маса со грчката влада во организација на угледниот магазин „Економист“, а ќе има средби и со грчкиот премиер и со грчката претседателка.

Во агендата на дводневната работна посета на Атина на премиерот Заев, утре е предвиден работен ручек со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, на кој му претходи средба со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Премиерот Заев ќе има и повеќе средби со бизнисмени на конференцијата на „Економист“, како и со претставници на грчката бизнис-заедница.

Битиќи и Димитров за време на оваа дводневна работна посета на Атина ќе остварат средби со свои колеги и други членови на владата на Грција, а Османи ќе оствари работна средба со својот колега, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, како прва официјална средба по назначувањето на новата функција.

https://www.facebook.com/FatmirBytyqiOfficial/photos/a.101676791675591/116541796855757/?type=3&eid=ARA9-Ln_g50RGkZ4HY-_JjwyWRPGBDAf0GTcmPMIRHSIUcTt3morC9o_ViMtSkwxEKsXHxoJsaYhs2gQ&__xts__%5B0%5D=68.ARCd9b17pbvVsU7ELip4CIag136G1Y5d_XdteQO9c0JZKIUeTxYgTGzLWOC-vEPMf2sJZ3XSsV3kZIMkKmtVu2jQvktb5rWmxOJYhwEIpYNIl95O0o8GbCQ_I6Yl-wFkmVV0yDku0gJkKn2t5FwPPzxtlcnbsuqPCJXWo99NBdeNSO7wfDIcMkU97i0Q10VREnFDPbPFY2six3EzX8ADcIcc1R0agvfhLR4pphDS9OhA4oj0Yls8Io4UqCTX7ImWGBSZ_WBLqORi8p_PfS91A_YrKTsixs3ZO98O3kur4LQlUVhkqhyAzfcPl7Ba8HfywOgJeW_q6NIYk5yIMTCuDjE&__tn__=EHH-R

Треба да знаете
Последни објави