Search

Загина жител на Неготино, кој излетал со автомобилот од патот кај село Кадино

На стариот пат Кадино – Миладиновци, кај каналот, ноќеска после 1 часот по полноќ, автомобил „Пасат“ управуван од 50-годишен жител на Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.

Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешеки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави