Search

Загина градежник од Тетово, паднала арматура врз него

Градежник од Тетово загина вчера додека работел на објект во изградба во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 15 часот  на улица Лондонска. На објектот во изградба, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, загинал М.А.(33) од Челопек.

Додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метри паднала врз него. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави