Search

Забрана за камиони на повеќе патни правци

Од 6.40 часот на патниот правец Велес-Катланово е укината забраната за движење на тешки моторни возила, информира АМСМ.Во 7.10 часот укината е и забраната за камиони на планински превој Ѓавато и Буково.

Забрани за тешки товарни возила синоќа имаше на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево а за осатанатите возила задолжително употреба на зимска опрема,Македонски Брод-Прилеп преку планискиот премин Барбарас, Ресен-Битола преку планискиот премин Ѓавато, Прилеп-Градско преку планнискиот премин Плетвар, Велес-Катланово, Крива Паланка-Деве Баир и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за патнички возила а товарните возила се пренасочуваат по стариот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 km/h.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави