Search

Жител на Стојаково чувал шест килограми марихуана во плакар

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 48-годишно лице од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по Наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави