Search

Жителите на Европската унија ќе имаат право да останат во Британија три години по брегзитот

Британската влада се откажа од плановите да стави крај на слободата на движење за жителите на Европската унија веднаш по можниот брегзит без договор и ќе продолжи да ја применува претходната политика со која им се дозволува тригодишен привремен престој во земјата.

Иднината на европските мигранти дополнително беше доведена во прашање од минатомесечната објава на владата дека нивното автоматско право да живеат и работат во Британија ќе им биде одземено во случај на брегзит без договор.

Но, владата беше принудена да се откаже од таквите планови откако беше предупредена дека истата ќе резултира со правни предизвици од милионите жители на ЕУ кои веќе живеат во Британија. Адвокатите го нарекоа планот непромислен.

Наместо тоа, владата ќе им даде на сите државјани на ЕУ кои влегуваат во Велика Британија помеѓу планираниот датум за брегзит на крајот на октомври и крајот на 2020 година, право да останат во земјата три години.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека апликациите за привремно напуштање ќе бидат отворени откако Велика Британија ќе го напушти блокот без договор и ќе вклучуваат „едноставен онлајн процес“, вклучувајќи и проверки на идентитетот, безбедноста и криминалните досиеја.

Досега само околу 1 милион од проценетите 3 милиони државјани на ЕУ кои живеат во Велика Британија се регистрирале да останат.

Треба да знаете
Последни објави