Search

(Живо) ДИК почна со објавување на првичните резултати од изборите

Во Државната изборна комисија веќе почнаа да се објавуваат првичните резултати од претседателските избори кои се менуваат од минута во минута. Резултатите се објавуваат на видео бим, а засега од ДИК нема официјална изјава.

Според последните податоци, од избројани 31.853 гласови, Стево Пендаровски има 13.441 гласови, Гордана Сиљановска Давкова 11.392, а Блерим Река 5.845, а неважечки се 1.175 ливчиња.

Станува збор за обработени 5,16 отсто од гласовите.

Резултатите може да ги следите на следниов линк: https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r

Треба да знаете
Последни објави