Search

Жестоки судири на полицијата и демонстрантите во Париз

Полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите кои се судрија со силите не редот на денешното продолжение на протестите поради зголемувањето на цените на горивата, кои демонстрантите во жолти елеци ги нарекуваат „втор чин“, по минатонеделните демонстрации.

Француските власти распоредија 3.000 припадници на безбедносните сили за да спречат евентуални нереди, но не уаспеаја. Мобилни тимови, наведувани со хелектоптери се подготвени интервенција во случај на насилство, или при обид на блокадите во периферијата, истакна началникот на париската полиција Мишел Делпијек.

На денешните протести, на социјалните мрежи свое учество најавија околу 36 илјади луѓе.

И во други француски градови, како  Лион, Лил, Тулуз и Лимож, најавени се собири и блокаде на наплатните рампи на сообраќајниците или во трговските зони.

Треба да знаете
Последни објави