Search

Жена преживеа на море 37 часа со грст бонбони

Туристка преживеала 37 часа на море во близина на грчкиот остров Крит, со грицкање бонбони. Кушила Стејн (45) од Нов Зеланд, во неделата беше спасена од Егејското Море, северно од Крит.

За време на нејзиното 37-часовно искушение, Стејн се хранела со „грст бонбони“ и се завиткала во пластични кеси за топлина. Искусниот морнар, ставила црвена кеса на главата и користела огледало за да привлече внимание.

По деталното пребарување, грчката крајбрежна стража ја пронајде на 101 километар (55 наутички милји) северно од Крит, најголемиот остров на Грција. Нејзината мајка, Венди Стејн, изјавила дека обуката на нејзината ќерка за преживување на море, „можеби и го спасила животот“.

Стејн му помагала на некој Британец, да ја земе јахтата од јужна Турција до Атина. За време на патувањето, Стејн одлучила „да ги испружи нозете“ така што во петокот со гумен чамец испловила на островот Фолегандрос, изјавила нејзината мајка. Но на враќање, едно од веслата паднало од чамецот, а силни ветрови ја оттурнале на море. Кога не се вратила на јахтата во саботата утрото, сопственикот веднаш го пријавил нејзиното исчезнување кај грчките власти. Операцијата за спасување започнала со шест пловила, хеликоптер и подводен дрон.

Мислејќи дека нема да преживее, Стејн го напишала името на нејзината мајка и контакт на едната страна од чамецот. Кога ја пронашле била пренесена во болница, каде била третирана поради дехидрираност.

Треба да знаете
Последни објави