Search

Жена од Тексас три години го чувала трупот на својата мајка

Една жена во Тексас беше уапсена откако полицијата откри дека ги чувала посмртните останки на својата мајка во куќата во која живеела со својата ќерка.

Полицијата верува дека 71-годишната баба, чие тело е пронајдено, била повредена во несреќен случај во 2016 година, откако паднала во куќата, објави Би-би-си.

Постои сомневање дека нејзината 47-годишната ќерка не ѝ помогнала и дека таа починала во рок од неколку дена од повредите кои воопшто не биле опасни по живот.

Коските на починатата жена беа пронајдени на подот од спалната соба. Мајката и ќерката спиеле во друга просторија.

По ова откритие на полицијата, девојката била предадена на грижа на роднини, а прима помош и од Здружението за заштита на децата.

На мајката ѝ се закануваат 20 години затворска казна и парична казна од 10.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави