Search

Жена од селото Мирковци нападната од кучиња на соселанец

Жена од скопското село Мирковци пријавила дека била нападната од две кучиња, сопственост на соселанец.

Според полицијата, вчера во 10 часот во ПО Мирковци, С.Х.Х (24) од истото село пријавила дека половина час претходно на улицата Александар Урдаревски, додека се шетала со нејзиното куче, биле нападнати од две кучиња кои биле пуштени на улица без надзор на сопственикот Е.К (47) од селото Мирковци и ја повредиле.

Полицијата го расчистува случајот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави