Search

Жена обвинета за вознемирување на мајка гризли во Јелоустоун

Жена од Илиноис е обвинета за вознемирување на диви животни откако била снимена како се приближува до гризли во Националниот парк Јелоустоун.

Во широко споделуваното видео се гледа како Саманта Деринг им приоѓа на мечката и две младенчиња за да ги фотографира. Таа си оди дури откако мајката мечка почнува да ѝ се приближува.

Саманта сега се соочува со неколку обвиненија, како и со „кршење на правилата за огранично растојание“. На посетителите на паркот им е забрането да се приближуваат на мечки на помалку од 300 метри.

Деринг била меѓу група туристи кога ја здогледале женката гризли и нејзините младенчиња во планинскиот дел на паркот. Сведоци подоцна им рекле на истражителите дека таа ги игнорирала предупредувањата да се врати во возилата на групата се додека мечката не тргнала кон неа.

Националниот парк Јелоустоун пред неколку месеци објави снимка од „блиската средба“ и побара информации од јавноста. Откако доби дојава за идентитетот на Деринг, полицијата пронајде фотографии од мечката на нејзините профили на социјалните медиуми.

Таа се соочува со федерално обвинение согласно сојузниот закон со кој се забранува хранење, допирање, задевање, заплашување или намерно вознемирување на диви животни.

Треба да знаете
Последни објави