Search

Е. Пелистер подготвен да ги израдува домашните навивачи

Македонскиот ракометен претставник во втророто по ранг меѓународно клупско натпреварување Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) пред своите гледачи во меч од групата Д ја пречекува унгарската Татабања. Битолчани кои изминатото кола како гости забележаа триумф во Атина над грчкиот АЕК посакуваат да им приредан на своите симпатизери прва домашна победа. Ако успеат во тоа ќе врзат три натпревари без пораз во групната фаза, што е и цел на тренерот Жељко Бабиќ.

Е. Пелистер, по поразот на стартот од групната фаза од францускиот Ним пред своите гледачи, ремизираше на гостувањата во Шавјцарија против Кадетен Шафхаузен и го победи грчкиот АЕК во Атина.

Хрватскиот стучњак на клупата на Е. Пелистер, Бабиќ најавува  цврст натпревар во кој ќе доминираат одбраните. Гостинот од Унгарија е во налет, по слабиот старт и двата порази во Европската лига. Најголема заслуга за резултатскиот пресврт има новиот тренер, Драган Ѓукиќ кој пристигна пред неполн месец кај Татабања и во три натпревари како предводник оствари три победи, вклучувајќи ја и онаа во Лига Европа против Кадетен, минатата недела.

Двете екипи се сретнаа четири пати во последниве три сезона, Е. Пелистер победи двапати во јануари, но загуби двапати во 2019 година. Денеска, во 16-те играчи кои ќе истрчаат на теренот во  „Боро Чурлевски“ Бабиќ ќе ги нема на располагање Мирко Радовиќ и Бојан Маџовски поради повреди.

Треба да знаете
Последни објави