Search

ЕХФ прифати да го одложи натпреварот ПСЖ – Вардар

Натпреварот од 6. коло во А групата од ракометната Лига на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар е одложен. Средбата требаше да се одигра на 28 октомври во Париз, но македонскиот и сеуште актуелен европски првак вардар не отпатува за Франција.

– Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање.

По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен и да биде закажан дополнително во друг термин, соопштија попладнево та бпорот на „црвено-црните”.

За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед.

Треба да знаете
Последни објави