Search

ЕУ ќе разгледува санкциите за Иран поради осуетените напади во Франција и Данска

Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот се согласија да ги разгледаат можните санкции против Иран во врска со двата осуетени напади во Европа за кои е обвинета иранската разузнавачка служба по барањата за мерки Техеран, пренесува „Спутник“.

Франција веќе им ги замрзна имотите на двајца ирански агенти осомничени за заговор за бомбардирање на еден митинг во близина на Париз, а Данска повика на координиран одговор на ЕУ поради неуспешниот обид за убиство на нејзина територија.

Овој потег дојде откако 150 европратеници жестоко го критикуваа  молкот на ЕУ во врска со заговорит, како и злоупотребата на човековите права во Иран и повикаа на чекори за повикување на Техеран на одговорност. Досега ЕУ внимателно се однесуваше кон Иран во обид да го спаси нуклеарниот договор откако САД се повлекоа од него претходно годинава.

Копенхаген ги консултираше партнерите на ЕУ за економски санкции против Техеран  откако данската разузнавачка служба го обвини Иран дека планирал да убие тројца ирански дисиденти во Данска. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел разговараа за инцидентот и одлучија да продолжат со анализа на санкциите.

„Она што се случи (во Данска) е целосно неприфатливо и ова беше јасно нагласено од сите нас. Советот ќе преземе некои чекори за соодветни насочени одговори во светло на она што се случило на територијата на Данска”, рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Мерките би можеле да вклучат усвојување на ниво на ЕУ санкциите што Франција им ги наметна минатиот месец на двајца осомничени ирански агенти и на други лица од иранското министерство за разузнавање и безбедност.

Треба да знаете
Последни објави