Search

ЕУ ќе го усвои мандатот за преговори со Обединетото Кралство

Министрите за надворешни работи на ЕУ на редовната седница на Советот за општи работи денеска треба да го усвои преговарачкиот мандат за новата фаза на Брегзит – трговските преговори и идното партнерство.

Текстот е усогласен вчера на амбасадорско ниво и ќе им пред предадено на министрите на денешниот состанок каде се очекува да биде усвоен.

Мандатот предвидува, меѓу другото, воведување и почитување на јасни правила за фер конкуренција помеѓу двата блока во сите области.

Една од поголемите преокупации на двете страни е и дигиталната трговија, јавните набавки, државната помош, стандардите за животна средина, социјалните стандарди или пак фискалните правила.

ЕУ си даде рок до денеска да го усвои преговарачкиот мандат, а Британците својот треба да го објават в четврток.

Доколку се почитува овој календар, преговорите за идното партнерство би можеле да започнат веќе идната недела.

Британскиот премиер Борис Џонсон сака трговската спогодба со ЕУ да биде склучена до крајот на оваа година.

ЕУ сега чека да го види и преговарачкиот мандат на Британците и очекува дека тој ќе биде во согласност со законските обврски кои произлегуваат од Спогодбата за повлекување на Обединетото Кралство, посебно во делот кој се однесува до контролите на ирската граница и слободното движење.

Треба да знаете
Последни објави