Search

ЕУ: Турција да ја смени насоката во која оди правната држава

Европската унија оцени дека Турција треба да „преземе решителни активности за да ја смени постоечката тенденција во однос на правната држава и фундаменталните права, се наведува во заедничката изјава по дијалогот на високо ниво меѓу Брисел и Анкара.

По средбата во Анкара меѓу еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, лиферувана е заедничка изјава во која се потенцира стратешката важност на односите меѓу ЕУ и Турција.

„Ние остануваме посветени на водење отворен и искрен дијалог, за да дискутираме за прашањата кои се високо на нашите агенди на сеопфатен начин во поглед на справување со заедничките предизвици и за соработка во суштинските области од заеднички интерес”, се наведува во изјавата.

„Турската страна ја потврди својата заложба за пристапување кон ЕУ и нејзината решеност за брзо спроведување реформи во областа на владеењето на правото и фундаменталните права, како што беше наведено во соопштението за медиумите по состанокот на Акциската група за реформи од 29 август 2018 година. Стандардите на Советот на Европа и нормите на ЕУ ќе делуваат како сидро за овие реформи. Беа дискутирани тековните ажурирања на Стратегијата за реформа на судството и можниот придонес на ЕУ”, се вели уште во заедничката изјава.

Треба да знаете
Последни објави