Search

ЕУ презема чекори против Лондон за непочитување на договорот за брегзит

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека Брисел презема правни активности против обидот на британската Влада да ги отфрли одредбите од договорот за брегзит.

– Утрово, Комисијата одлучи да испрати писмо со официјално известување до британската Влада. Ова е првиот чекор во постапката за повреда, изјави Фон дер Лајен.

– Во писмото е поканета британската Влада да ги испрати своите забелешки во рок од еден месец, додаде таа.

Британскиот предлог-закон за внатрешен пазар е во основата на несогласувањата, бидејќи се крши договорот за брегзит. Доколку биде прифатен, тоа би било во целосна спротивност со договорот.

Треба да знаете
Последни објави