Search

ЕУ жали поради одлуката на САД за санкционирање на увозот на иранска нафта

Портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчич, порача дека ЕУ ќе продолжи да го почитува меѓународниот договор со Иран и покрај овие санкции.

Американската администрација вчера најави од 2 мај нема да бидат ослободени одредени земји од санкции за увоз на иранска нафта. Досега Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Грција. Турција и Тајван беа ослободени од примена на американските санкции кон Иран.

Администрацијата на Доналд Трамп порача дека нема повеќе да ги толерира овие исклучоци и дека ќе го зголеми економскиот и дипломатскиот притисок врз Техеран.

Одлука доаѓа една година откако САД одлучи да се повлече од договорот за денуклеаризација на Иран, потег кој длабоко ги вознемири другите потписници на оваа спогодба.

– Жалиме поради најавата да не се обноват изземањата, ова дополнително се заканува да го поткопа Договорот со Иран, кој е клучен елемент во глобалната архитектура за спречување на нуклеарната пролиферација, изјави денеска Маја Коцијанчич.

Таа додаде и дека ЕУ ќе продолжи да го почитува договор со Техеран се додека Иран се придржува до своите обврски во делот на нуклеарниот развој. Коцијанчич потсети дека е утврдено од страна на надлежните меѓународни агенции дека Иран ги почитува своите заложби и дека договорот со оваа земја е одобрен од страна на Советот за безбедност на ОН и е „критичен” за регионалната и глобалната безбдност.

Треба да знаете
Последни објави