Search

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите во регионот Нагорно-Карабах, наведува судот. Портпарол на Судот изјави дека тие денес добиле барање од Ерменија да преземат привремени мерки и дека барањето се разгледува.

Судот, кој е правно крило на Советот на Европа со седиште во Стразбур, е повикан да постапи според членот 39 од неговите регулативи, што му овозможува да преземе итни мерки кога постои непосреден ризик од непоправлива штета.

„Ерменската влада бара од Судот да ѝ наложи на азербејџанската Влада да престане со воени напади врз цивили по целата линија на контакт меѓу ерменските вооружени сили и Нагорно-Карабах, да ги запре слепите напади и да престане да ги таргетира цивилите, цивилниот имот и населените места“, соопшти судот.

Најмалку 68 лица се убиени од вчера во борбите меѓу сепаратистите во Нагорно-Карабах. Поради конфликтот, се стравува дека ќе започне отворена војна меѓу Баку и Ереван.

Треба да знаете
Последни објави