Search

Ердоган им се закани на компаниите ако ги повлечат девизите од банките

Ердоган им се закани на компаниите ако ги повлечат девизите од банките

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека ќе преземе драстични мерки ако компаниите ги повлечат странските валути од банките во екот на кризата во земјата, предизвикана од падот на лирата.

Во обраќањето во градот Трабзон, Ердоган рече дека компаниите треба да знаат дека „држењето на Турција жива и исправена, не е само работа на политичарите, туку и на индустријалците и трговците“.

Турција деновиве се соочува со финансиска криза, откако вредноста на лирата падна за 30% поради загриженоста од владините економски политики и тензиите во односите со САД.

Минатата недела американскиот лидер Доналд Трамп двојно ги зголеми царините за увоз на челик (50%) и алуминиум (20%) од Турција. Односите меѓу двата сојузници на НАТО во последниве неколку недели драстично се влошија во врска со затворањето на американски пастор во Турција и одлуката на Анкара да купи анти-воздушен систем од Русија.

Ердоган го отфрли барањето за враќање на Брунсон во САД, потсетувајќи  на обвинението за тероризам против него.

Тој ги предупреди  САД дека го “менуваат стратегискиот партнер на НАТО со пастир”.

Доларот скокна за 5,60 отсто во 23,56 средно европско време, и се разменуваше за 6,7788 лири. Со објавувањето на мерките на Вашингтон во петокот, турската лира загуби 33,50% од вредноста.

Турската влада вчера објави дека владата подготвила акционен план за ублажување на тензиите на пазарите.
Треба да знаете
Последни објави