Search

Ердоган го повика целиот исламски свет да ја поддржи Албанија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на донаторска конференција на муслиманските земји, за да ѝ помогне на Албанија да се справи со последиците од вчерашниот катастрофален земјотрес.

Ердоган го упати повикот за време на воведното обраќање на годишниот состанок на Организацијата за исламска соработка, на кој се разговараше за економски прашања.

Ердоган рече: „Го повикувам целиот исламски свет да ја поддржи Албанија“, пренесува АП.

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија загинаа најмалку 25 луѓе, а повредени се повеќе од 600.

„Сите ние мора да застанеме покрај Албанија во лекувањето на повредените или да ги заштитиме оние чии домови се уништени или оштетени“, рече Ердоган.

Турскиот лидер додаде дека Турција испратила воени товарни авиони, екипи за итни случаи и конвои за хуманитарна помош во Албанија.

Треба да знаете
Последни објави