Search

Ен Хатавеј била 9. избор за нејзината иконска улога во „Ѓаволот носи Прада“

Ен Хатавеј (38) е асистентка на уредничка на најпрестижното модно списание „Ранавеј“, злобната Миранда Присли, во познатата комедија драма  „И ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada).

Но 38-годишната Хатавеј, која во филмот глумеше со холивудската икона Мерил Стрип, открива дека не била во потесниот избор за улогата на Енди Сакс.

Говорејќи пред учесниците на „Руполовата дрег трка“ (RuPaul’s Drag Race) – телевизиско реално шоу од натпреварувачки карактер, Ен објасни: “Ќе ви дадам еден совет: Бев деветтиот избор за Devil Wears Prada. Но, успаев! Бидете таму, никогаш не се откажувајте”.

Рејчел Мекадамс, наводно, ја одбила улогата, додека Клер Дејнс и Џулиет Луис исто така биле во потесниот избор.

Ана и претходно зборуваше за тоа како морала да биде трпелива за да ја добие улогата. Таа во 2016 година рече: “Не морав да одам на аудиција. Требаше да бидам трпелива. Јас не бев првиот избор”.

„И ѓаволот носи Прада“ е филмска адаптација на истоимениот, најпродаваниот женски роман на Лорен Вајсбергер чија приказна зборува за една млада новинарка која се вработува како лична асистентка на една уредничка на познато модно списание, работа која станува пеколна за неа трудејќи се да остане во чекор со исцрпувачкиот распоред и понижувачките барања од страна на нејзината шефица.

Истоимениот филм, комедија драма (2006) со Мерил Стрип и Ен Хатвеј во главните улоги, Емили Блант во споредна улога, а во режија на Дејвид Франкел, оствари огромен успех и важи за еден од култните во својот жанр, омилен кај вљубениците во модата.

Треба да знаете
Последни објави