Search

Емисиите на ЦО2 од нови возила во ЕУ се намалени за 12 отсто

Последниот извештај на Агенцијата за животна средина на Европската Унија покажува дека новите возила регистрирани во ЕУ испуштаат 12 отсто помалку штетни гасови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Студијата ги зема предвид и ЕУ, но Обединетото Кралство, Исланд и Норвешка.

Според агенцијата ова е најголемиот пад на ЦО2 емисии откако тие се мерат, во 2010 и се совпаѓа со новите стандарди на ЕУ за возила применети од минатата година. Европската Комисија смета дека новата регулатива на ЕУ е поттик за производителите на возила да произведуваат почисти автомобили.

Драстично е зголемен бројот на регистрирани електрични возила, од 3,5 отсто во 2019 на 11,6 отсто во 2020. Бројот на нови електрични возила за прв пат достигна 1 милион во ЕУ, Исланд, Норвешка и Обединетото Кралство.

Европската Комисија го поздравува своето законодавство за ЦО2 емисии и оценува дека е тоа е ефикасен начин за намалување на штетните гасови.

Треба да знаете
Последни објави