Search

Еминентни предавачи од земјава и странство на седмиот Конгрес на педијатри

Од утре, во Струмица, во хотелот „Сириус“ ќе се одржи седмиот по ред Конгрес на педијатри со меѓународно учество кој ќе трае до 28-ми јуни.

Овој Конгрес има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7-ми Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

Треба да знаете
Последни објави