Search

Ема Робертс првпат го покажа новородениот син

Ема Робертс (29) и нејзиното момче Гарет Хедлунд (36) станаа родители на 27 декември.

А во вторникот, две недели по породувањето, актерката ја сподели првата фотографија со новороденчето.

Во објавата на инстаграм-профилот, кого го следат 15.5 милиони фанови, таа напиша: „Ѝ благодарам на 2020 година за единственото добро нешто … Нашата силна светлина Роудс Роберт Хедлунд“.

На фотографијата може да се види како го лулка синчето во своите раце.

Ема зрачи со позитивна енергија во портокалов мини фустан од дизајнерката Стела Макартни, кој го комбинира со соодветни сандали со отворени прсти.

Роудс, чие лице е свртено од камерата, има капче со ушиња како зајче.

Треба да знаете
Последни објави