Search

Елмас доби шанса од клупата, Наполи се пласира во полуфиналето од Купот на Италија

Екипата на Наполи е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија, откако на домашен терен забележа победа над Лацио со 1:0.

Клучнито момент на средбата се случи по само две минути кога Лоренцо Инсиње ја затресе мрежата на Лацио. Гостите од Рим пропуштија неколку убави шанси за израмнување.

Во победничката екипа од 67. минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Противник на Лацио во следната фаза ќе биде победникот од дуелот Фиорентина – Интер.

Треба да знаете
Последни објави