Search

Елена Ристеска со нова песна посветена на својот татко, но и реклама за „ЕРА“

Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.

 

По лансирањето на парфемот, Ристеска започна и со онлајн продажба на истиот.
Меѓутоа, деновиве Елена има посебна причина да биде и горда и среќна. Имено, таа ја објави првата реклама за својот парфем, а истата е снимена во Мајами.

Заедно со рекламата убавата пејачка и официјално ја означи продажбата на парфемот во светски рамки, односно од денес и официјално ЕРА можете да го нарачате каде и да се наоѓате на земјината топка и тоа онлајн преку нејзината страница.

Инаку, во позадина на рекламата оди музика од новата песна на Елена, „The Reason“ која таа ја посвети на нејзиниот татко.

Рекламата можете да ја видите на следниот линк:

https://www.instagram.com/p/CDjv-ADpnBW/?utm_source=ig_embed

Преземено од Скопје24

Треба да знаете
Последни објави