Search

Експлозијата во Бејрут создаде кратер со дијаметар од 124 метри

Во катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут загинаа најмалку 135 лица, според досегашните достапни податоци.

Околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив на главата.

Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинатите ќе продолжи да расте.

Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.

„Си-ен-ен“ јавува дека дијаметарот на кратерот во Бејрут што го направи силната експлозија е околу 124 метри.

Објавените информации се засновани врз анализа на сателитски снимки.

Тоа значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. „Си-ен-ен“ додава дека нивната процена може да варира 10 метри повеќе или помалку.

Треба да знаете
Последни објави