Search

Економијата на еврозоната го достигна дното

Економијата на еврозоната „најверојатно го достигна дното”, откако доживеа катастрофален пад поради блокирањето, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, покажуваат резултатите од истражувањето на ИХС Маркит.

Падот во 19 држави од ЕУ, кои ја користат заедничката европска валута, продолжи во мај, трет месец по ред, но „темпото на падот се намалува, откако делови од економијата почнаа да ја отстрануваат блокадата”.

Овој месец индексот достигна 30,5 процентни поени, што е многу повеќе од катастрофалните 13,5 поени регистрирани во април, но се уште под нивото од 50 процентни поени меѓу падот и експанзијата.

Треба да знаете
Последни објави