Search

Екоактивисти со закани за блокирање на лондонското метро поради климатските промени

Екоактивисти упатија закани дека ќе го блокираат денеска лондонското метро како продолжување на протест против не преземањето акции за прашањето за климатскиоте промени.

Групата „Бунт против уништување на природата (Extinction Rebellion или XR) почнаа демонстрации во понеделникот на неколку места во Лондон. Според полицијата, биле погодени околу 500.000 луѓе и затворени за сообраќај 56 автобуски линии од нивните блокади.

– На 17 април XR ненасилно ќе ја прекине работата на метрото во Лондон за да упати повик за преземање акции поради вонредната состојба со еколошкиот колапс, наведува групата во соопштение.

– Им се извинуваме на сите кои може да бидат погодени како последица на тој прекин. Блокирањето е потребно за да ја натераме Владата да седне на маса на преговори за нашите барања, нагласуваат тие.

Не се знае како групата ќе го блокира метрото во британскиот главен град.

Треба да знаете
Последни објави