Search

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и во вечерните часови го расчистуваат снегот и мразот

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целиот ден и во вечерните часови работат на расчистување на паднатиот снег и мразот од булеварите и поголемите улици во сите скопски општини.  Приближно 80 работници се ангажирани за расчистување на централното градско подрачје, Старата чаршија, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Државната болница и поликлиниката Бит Пазар. Воедно се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на  мостовите, со цел да се овозможи проодно движење на граѓаните.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи со своите активности и во текот на ноќта.

 

Треба да знаете
Последни објави