Search

Екипа на Радио Белград приведена во Косово

Екипа на Првата програма на Радио Белград била приведена вчера во КПС Јужна Митровица и задржана шест часа, а како што јави РТС причината за тоа не е позната.

Полицијата го запрела и детално го пребарувала службеното возило на РТС.

„Целиот тим беше однесен во станицата во Јужна Митровица на сослушување, каде им беа одземени мобилните телефони“, соопшти РТС.

По шест часа тие биле ослободени и наводно им било укажано дека треба да се вратат во северниот дел на Косовска Митровица, ,,бидејќи не е безбедно да продолжат кон Грачаница, каде што тргнале”.

Треба да знаете
Последни објави