Search

Екипата на „Медена земја“ подготвена за Оскарите

Екипата на „Медена земја“ неколку часа пред почетокот на церемонијата за доделување на Оскарите објави фотографија од подготовките.

https://www.facebook.com/marko.georgiev/posts/10158026725001665

Претходно еден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума, се вклучи во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“. На видеото кое тој одлучи да го сподели може да се види како си приготвува јадење.

Припрема пред Оскари. Ајде чао, се гледамо вечер на црвен тепих. Сите други се спремни. Само уште јас да каснам“, вели Самир Љума во видеото.

„Медена земја“ е во трката за претстојните „Оскари“ во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продукцијата е на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума

https://www.facebook.com/samir.ljuma/videos/10157664977500520/

Треба да знаете
Последни објави