Search

Едно лице загина во пожар во болница близу Париз

Најмалку едно лице загина, а осуммина се повредени откако во текот на ноќата избувнал пожар во болнички комплекс на периферијата од Париз, соопштија денеска локалните власти, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Пожарот во болницата „Хенри Мондор“ избил доцна вечерта во среда, а бил ставен под контрола рано утрово.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

„Пожарот во станбен блок во болничкиот комплекс ‘Хенри Мондор’ сега е под контрола благодарение на интервенцијата на пожарникарите“, напиша на „Твитер“, Мартин Хирш, шеф на јавните болници во Париз.

„Со жалење информираме дека едно лице го загуби животот за време на пожарот“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави