Search

Едмонд Адеми во работна посета на Швајцарија

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми од утре до 27 септември ќе престојува во работна посета на Швајцарија.

Во градовите Лозана, Берн и Женева, министерот Адеми ќе има состаноци со иселенички организации и интелектуалци од нашата дијаспора, како и со локалните власти. Средби се предвидени и со престваници на швајцарската влада, како и средба со Генералниот директор на ИОМ (Меѓународна организација за миграција), Антонио Виторино.

Фокусот на средбите ќе биде професионалната и социјалната структура на дијаспората од Република Северна Македонија во Швајцарија, унапредувањето на положбата  на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Швајцарија, активностите што излегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората, како и за актуелните политички цели на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата со новиот Генерален директор на ИОМ Виторино, се очекува продлабочување на соработката меѓу Владата и ИОМ во областа на дијаспората.

Треба да знаете
Последни објави