Search

Еди Рама ги отфрли обвинувањата на Србија за создавање на голема Албанија

Еди Рама ги отфрли обвинувањата на Србија за создавање на голема Албанија

Претседателот на хрватската Влада, Андреј Пленковиќ и претседателот на албанската Влада, Еди Рама ги отфрлија обвинувањата упатени од српска страна за содавање на голема Албанија.

,,Србија и Белград го прекршија договорот за ЦЕФТА. Косово повторно се жалеше на тоа, но за жал немаше реакции за да се подобри ситуацијата. Стопроцентното зголемување на царините за српските производи не е нормално, но и целата ситуација е ненормална”, изјави Рама на новинарско прашање.

..Мораме да ја земеме предвид извесната фрустрација кај населението на еден дел од Косово кои очекуваа либерализација на визите откако Косово и Црна Гора постигнаа за разграничување. До вчера Косоварите беа граѓани од втор ред бидејќи живееја под Србија, но можеа да патуваат со српските, односно југословенските пасоши. Денес тие се единствени граѓани во Европа од втор ред кои неможат никаде да патуваат”, додаде Рама.

Според него, кога се зборува за обвинувањата за голема Албанија, таа теза секогаш се појавува кога Албанците од Косово со право бараат нешто и кога Албанија и Косово се обидуваат да разговараат за работи кои се од заеднички интерес.

Треба да знаете
Последни објави