Search

Европската вселенска агенција ќе копа на Месечината во потрага по вода и кислород

Европската вселенска агенција планира да започне да копа на Месечината во потрага по вода и кислород до 2025 година. Агенцијата соопшти дека постигнале договор до Европската вселенска компанија „Ариане Груп“ за истражување на можноста со копање на Месечината да се започне до 2025 година.

Вода и кислород може да бидат извадени од реголитот, односно земјата на Месечината, со што би било полесно за луѓето да поминат повеќе време на природниот сателит на Земјата, велат од „Ариане Груп“. Истражувањето исто така треба да покаже дали е можно да се произведе ракетно гориво на Месечината, овозможувајќи поголем број на експедиции во иднина.

,,Користењето на ресурсите од вселената е клуч за одржливи мисии”, вели Дејвид Пекер од Европската вселенска агенција.

Реголитот е слојот од земја што ја покрива Месечината. Според научниците, може да се извадат големи количини на кислород, заробен во составот на Земјата.

,,Истражувањето е дел од планот на Европската вселенска агеција, Европа да стане партнер во глобалнито истражување во следната деценија”, вели Паркер.

Мисијата ќе биде соработка на научници и инженери од Франција, Германија и Белгија. Проектот сега е во развојна фаза, а научниците се надеваат дека во наредните години веќе ќе може да испратат опрема за копање на Месечината.

Треба да знаете
Последни објави