Search

Европратениците се прашуваат дали новиот пакт за азил и миграција ќе донесе вистински промени

 Новиот пакт за азил и миграција, претставен вчера од Европската комисија е недоволен за мнозинството од групите на Европскиот Парлемент. Некои повикуваат на задолжително преместување на бегалците, други на поголема цврстина при илегалните пристигнувања, јави дописникот на МИА.

Комисијата за граѓански слободи во денешната прва дебата за предлозите на Комисијата со потпретседателот Маргиритис Схинас и комесарот Илва Јохансон, во која некои пратеници ја нарекоа иницијативата „чекор во вистинската насока” за да им се помогне на земјите од првата линија, додека другите признаа дека ова може да биде единствениот пат кој може да се следи со оглед на позиција на неколку земји-членки. Сите побараа појаснување за примената на овие предлози на теренот.

Многу говорници зборуваа за ситуацијата во Лезбос, по пожарот во бегалскиот камп Морија, и прашаа дали новите правила ќе спречат повторување на ваква хуманитарна катастрофа. Тие поставија прашања во врска со почитувањето на основните права во контекст на новите процедури за проверка и гранични процедури и во контекст на административното задржување на барателите на азил. Неколку европратеници жалеа што Комисијата не го укина принципот утврден во сегашната регулатива во Даблин, кој предвидува дека земјата за влез е онаа што мора да ја процесира апликацијата за азил.

Околу можноста земјите кои не сакаат да бидат префрлени бегалците на нивната територија, да финансираат враќање на оние што немаат дозвола за престој, европратениците се прашуваа што ќе се случи ако повеќето земји-членки ја изберат ова опција. Тие исто така прашаа за механизмите за спроведување за да се обезбеди ефикасно спроведување на новите правила.

Некои европратеници го критикуваа фактот дека соработката со трети земји не вклучува формирање центри за прием за обработка на апликации за азил надвор од европска територија и инсистираат ЕУ да биде построга со шверцерите на мигранти и бегалци.

Треба да знаете
Последни објави