Search

Европол уапси крадци кои влегувале по куќи низ кров и направиле штета од 20 милиони евра

Во Молдавија уапсени се двајца провалници осомничени за повеќе од 20 високопрофилни кражби, со кои направиле штета од околу 20 милиони евра, соопшти денеска „Европол“.

Апсењето се случи во средата, а е резултат на успешна меѓународна истрага што ја започнаа властите во Германија и Молдавија, со поддршка на Европол.

Како што се наведува во соопштението, од 2017 година, властите во Хамбург истражувале серија на грабежи во градот и други области во Германија, а крадците биле специфични по својот „модус операди“ (начин на работа) – прво отстранувале дел од покривот на куќата, а потоа правеле дупка во таванот низ која влегувале во просторијата.

Вкупната штета само во Хамбург се проценува на повеќе од 20 милиони евра, а е направена во 22 грабежа.

Благодарение на успешната размена на информации со француските власти, идентификуван бил осомничениот од Молдавија, што полицијата ја навело на трагата на молдавската криминална група.

Со посредство на Европол било договорено дека истрагите во двете земји, Германија и Молдавија, треба да се одвиваат синхронизирано.

Акцијата со апсења во Молдавија се спроведува вчера и денеска, а освен двајцата крадци кои биле уапсени во текот на вчерашниот ден, неколкумина биле уапсени и во претходните месеци.

Досега во рамки на истрагата запленети се неколку парчиња оружје, 25.000 евра во готово, накит и луксузни часовници.

Треба да знаете
Последни објави