Search

Европа против лов со олово

Европскиот парламент ја изгласа забраната за користење на муниција за лов со олово во близина на сите водни површини во Европската Унија.

Членовите на Парламентот ја изгласа оваа забрана на 26 ноември со 499 гласа за, 159 против и 39 воздржани.
Во рок од 24 месеци муницијата и мамките кои се користат во и близу водни површини мора да бидат без олово поради прекумерното загадување на животната средина.

Оловото се користи во муниција за лов и мамки за риболов со децении и покрај тоа што се знае ужасното влијание кое го има врз луѓето, живиот свет и природата. Оловните полнења кои многумина ги користат како муниција содржат голем број на мали зрна кои се распрскуваат од пушката. Само мал дел од зрната всушност стигаат до целта а остатокот се распрскува низ природата. Пресметано е дека околу 21-27000 тони на олово од лов и риболов се распрскува низ Европската Унија на годишно ниво.

Премногу често овие оловни куршуми завршуваат во водните птици кои ги голтаат – Европската агенција за хемикалии пресмета дека повеќе од еден милион птици годишно умираат од последици од труење со олово. Огромна штета се нанесува и на природата и другите животни кои се повредени со оловни сачми или консумирале плен затруен од оловни сачми.

Треба да знаете
Последни објави