Search

„Европа” ад Скопје прв овластен економски оператор

„Европа” ад Скопје е компанијата која доби прво одобрение за овластен економски оператор од Царинската управа согласно стандардите за безбедност и сигурност. Тоа е меѓународно призната марка за квалитет која е показател дека економските операторикако што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓународниот синџир на снабдувње се безбедни и сигурни и оти нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласни.

Одобрението денеска и беше врачено на генералната директорка на „Европа” ад Скопје Марика Кираџиоска од страна на премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасосоки.

Според Кираџиоска, добиеното одобрение содржи строги процедури и прописи, но и бенефиции кои на компанијата ќе и го зголемат угледот и конкурентноста и ќе и ги намалат трошоците.

Треба да знаете
Последни објави